Економија Избор Охрид

Акциите на охридски ЕМО исклучени од Македонската берза

Охрид, 29. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Одборот на директори на Македонската берза на седницата која се одржала вчера, донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од ЕМО АД Охрид, заради отворена стечајна постапка врз друштвото, соопшти берзата.

Акциите издадени од АД ЕМО Охрид ќе бидат исклучени од котација на официјалниот пазар на берзата, почнувајќи од денес, 29-ти декември. (Крај)

извор: Економски магазин фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука