Охрид Спорт

Охридските ракометни ветеранки в недела ќе одиграат хуманитарен натпревар

Охрид, 10.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ракометните ветеранки од Охрид в недела, на 15-ти март во 12:00 часот во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе одиграат хуманитарен ракометен натпревар со актуелниот ракометен клуб „Моби Дик“.

Со овој натпревар тие се приклучуваат кон одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Црвениот крст од Охрид.

rakometveterani2

rakometveterani4

– Влезниците нема да се наплаќаат, но хуманите охриѓани можат да донираат средства по сопствена желба во кутиите што ќе бидат поставени на влезот од спортската сала, велат охридските ракометни ветеранки.

rakometveterani3

Поранешните ракометарки од Охрид веќе подолго време интензивно, но сепак рекреативно тренираат ракомет и тоа еднаш неделно со меѓусебно дружење, со сеќавање на случки од времето кога активно се занимаваа со овој спорт. (Крај)

извор:Охрид Прес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука