Ѓоко Танески и Боби Мојсовски ќе настапуваат на годинешниот Макфест
Штип/Охрид, 11. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Двајца охридски музичари ќе бидат дел од годинешното издание на фестивалот Макфест, кој ќе се одржи во втората половина на мај во Штип.
Од вкупно 34 композиции, кои пристигнале на конкурсот, кој фестивалот го распиша во декември минатата година, а траеше до 31 јануари годинава, песните на Танески и Мојсовски се меѓу најдобрите 20.
Ѓоко Танески ќе настапи со нумерата „Ако Љубов е“ на музика и аранжман на Владимир Дојчиновски, а на текст на Ристо Самарџиев. Додека Боби Мојсовски ќе настапи со темата „До тебе“, на музика и текст на Јован Василевски, а аранжман на Гоце Симоновски.
На јубилејното 30. издание на „Макфест“ ќе настапат: Наде Талевска, Верица Пандиловска, Маријан Стојановски, Лена Заткоска, Евгенија Чанчалова и други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |