Забава Избор

Денес започнува турнејата низ Британија на Дамјан Пејчиновски и Емир Хот

Охрид/Лондон, 12. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до 20-ти март охриѓанецот Дамјан Пејчиноски ќе има голема музичка турнеја, на покана и во придружба на неговиот пријател и музички колега популарниот рок – метал гитарист од Босна и Херцеговина, Емир Хот.

Во рамките на турнејата двајцата музички великани ќе настапат во градовите Лондон, Чертси и Беркшир, а ќе настапуваат во престижни локали, како La Brocca, The Rocket Acton, Thyme At The Tavern, Kings Head Cippenham.

Минатиот месец, Дамјан Пејчиноски и Емир Хот настапија во Охрид, а Емир одржа и мастер час на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Познатиот гитарист од метал сцената, е познат не само во рамките на Балканот, туку и во Европа. Емир Хот е образован музичар, кој го стекнал образованието во музички училишта во Тузла и Лондон. Бил член на неколку метал-рок бендови. Издавањето на албумот „Deserted Land“ со бендот Neon Knights му донел голем број на настапи и турнеи низ Европа.

Дамјан Пејчиноски е еден од моментално најдобрите македонски гитаристи од младата генерација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Емир Хот

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави