Избор Хроника

Тетовчанец ограбил пензионер во Струга

Струга, 12. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35-годишниот Џ.С. од Тетово поради постоење основи на сомнение за казнено дело „кражба“.

На седми февруари оваа година, пријавениот од џебот на И.А, 78-годишен жител на струшкото село Подгорци, одзел паричник со 145 евра и 10.500 денари.

Кражбата се случила пред Стопанска банка во Струга каде И.А. ја подигнал својата пензија. Излегувајќи од банката во него се втурнале две лица по што оштетениот набрзо забележал дека му го нема паричникот.

И.А. кражбата веднаш ја пријавил во полициската станица во Струга каде набрзо извршил фотографско препознавање на можниот сторител на кражбата.

Џ.С. е лице познат извршител на вакви кривични дела против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични пријави. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави