Култура Струга

Лешоски дел од настанот на доделување на наградите „Виртуози“ на СОКОМ

Скопје/Струга, 12. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вевчанскиот поет Дарко Лешоски во понеделник ќе биде еден од специјалните гости на доделувањето на наградите „Виртуози“ на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ.

Лешоски како претставник на истакнати личности од културниот и општествениот живот на Република Македонија, ќе додели награда во една од категориите.

Вкупно 22 музички и балетски уметници и ансамбли ќе се натпреваруваат за наградата „Виртуози“, на свеченост која во организација на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, ќе се одржи во понеделник, 16 март во Македонскиот народен театар во 20 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Lesoski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави