Струга, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот бенд No Fun вечерва ќе гостува во „Барабар“ мезе бар во Струга.
Кавер бендот пред струшката публика вечерва ќе се претстави со избор на теми од Ерик Клептон, Џими Хендрикс, Стинг, U2, Red Hot Chili Peppers и други познати светски музички имиња.
No Fun го сочинуваат: Христијан Бујароски – гитарист и вокал, Ристе Гашоски – тапанар и Дарко Бујароски – басист.
Вечерашната свирка е со почеток по 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 43