Свет

Пронајдено оружјето за кое се сомничи дека е убиен Немцов

Москва, 14. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачи извадиле од дното на реката Москва два пиштола, кои се пронајдени во близина на местото каде што беше убиен рускиот опозиционер Борис Немцов.

На првиот пиштол веќе е направена балистичка експертиза, но резултатот покажал дека тоа не е оружје на атентатот. Се очекува анализа и на второто оружје.

Од истражните органи соопштија дека нуркачите ќе продолжат да го пребаруваат дното на реката во близина на местото на злосторството.

Во меѓувреме, извор од истрагата, цитиран од Интерфакс објави дека основната верзија за убиството на Немцов, е дестабилизација на политичката ситуација во Русија. (Крај)

извор: Интерфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука