март 26, 2017

Милано, 26. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Весникот „Corriere dello Sport“ тврди дека новите кинески сопственици на италијанскиот клуб Милан се надеваат дека ќе го убедат Унаи Емери за плата од 6,5 милиони евра по сезона да го преземе тимот од следната сезона.

Во моментов 46-годишниот шпански стручњак е на чело на ПСЖ, но по елиминацијата на тимот  во Лигата на шампионите неговата иднина на „Паркот на Принцовите“ не е загарантирана.

Емери и минатата сезона беше поврзуван за тренерската позиција во Милан, но тогаш тој се определи да потпише со ПСЖ. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука