март 26, 2017

Мадрид, 26. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кевин Гамеиро добил понуда од кинески клуб, чие име засега се чува во тајност, за плата од 20 милиони евра по сезона да се пресели во Кина, сума што е повеќе од тројно повисока од моментната заработувачка во Атлетико Мадрид.

Гамеиро сериозно ја разгледува понудата за заминување од Мадрид, бидејќи тој не успеа целосно да се наметне кај тренерот Симеоне и голем дел од мечевите ги започнува од клупата за резерви.

Атлетико Мадрид овие пари би ги искористил за доведување на Александар Лаказет, кој се наоѓа на врвот на листата со желби на Симеоне за овој преоден рок. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука