Мајами, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рафаел Надал обзбеди пласман во осминафиналето од турнирот во Мајами, откако славеше против Филип Колшрајбер во три сета со 0-6,6-2,6-3.
Германскиот тенисер првиот сет го освои без изгубен гем , но потоа Надал стигна заслужено до победа во својот 1.000 меч во кариерата на АТП турнирите.Во осминафиналето ќе игра против французинот Николас Махут кој беше подобар од Пела со 6-4,6-3.
Пласман во осминафиналето обезбедија и Доналд Јанг, како и Фабио Фоњини кој во три сета, со 3-6,6-4,6-4 го победи Џереми Шарди. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14