Избор Охрид

Утре ќе се изведуваат градежни работи на патниот правец А2е Охрид-Кичево

Охрид, 16. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре на патниот правец А2е Охрид-Кичево, делница Пресека-Врбјани ќе се изведуваат градежни работи – минирање.

Поради работата на пат, во периодот од 15:00 до 16:00 часот делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.

Од Авто Мото Сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на патниот правец Маврово – Дебар – Струга. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави