Скопје, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија), во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, ќе ја организираат првата од серијата „Europe Talks” дебати во 2017 година, насловена „Образовниот систем на Македонија: Промотер на интер-етничка толеранција или дадилка на национализам“.
Дебатата ќе се одржи утре во просториите на ЕУ Инфо Центар, Скопје, со почеток во 17.30 часот.
На темата ќе говорат: Сафет Незири, Државен советник при Министерството за образование и наука; Ана Чупеска – Станишковска, Доцент доктор при акултет Јустинијан Први, Универзитет Кирил и Методиј, Скопје, Македонија; Алберт Хани, Заменик директор при Граѓански мировен форум, канцеларијата во Скопје; и Теодора Столевска, Координатор на дебатна програма при Младински образовен форум. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива