Хроника

Жител на струмичко извршил повеќе кражби во Струга

Струга/Струмица, 13. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридската полиција поднесе кривична пријава против 20-годишниот С.Ш. од струмичкото село Банско, кој бил со престој во Струга.

Пријавениот се товари за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ од кои една во обид.

Од 25-ти февруари годинава до 31 март на подрачјето на Струга со употреба на погоден предмет ги извршувал делата во подрум, патнички возила и куќи. Преку кражбите одзел поголема количина техничка стока, воздушна пушка, пари и други предмети. Исто така, од кејот одзел околу 120 метри кабел поставен за улично осветлување на кејот, сопственост на Општина Струга и ребрасто црево во должина од 100 метри. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави