јануари 24, 2015

Многу пати досега на безброј настани, семинари, советувања, прес-конференции се дебатирало за Охрид и туризмот како една од главните гранки од кој живее значителен дел од граѓаните на Охрид. Не ретко слабата или добра туристичка сезона била предмет на партиски препукувања.

На туризмот воопшто во светски рамки му се обрнува големо влимание и тој се издигна на ранг на наука кој се изучува насекаде  во светот. Секако дека таа е комплексна дејност и не трпи импровизации и зависи од многу чинители.

Туристичката понуда ја сочинуваат повеќе алки меѓусебе поврзани во која низа спаѓа и уреденоста на просторот. Овој пат ќе посветам повеќе внимание на уреденоста на влезните правци во Охрид.

Замислете дека сте турист кој прв пат доаѓа од било кој правец (Подмоље, Битола, Свети Наум) и секако вашиот прв впечаток за градот е уреденоста на влезот во  градот. Она што прво ќе го забележите не ви дава впечаток дека влегувате во туристичката мека на Балканот.

Секако дека непокосената трева покрај патот и изобилството на џбунови и коров и разновидноста од дотраени огради од кои некои се од отпадни гуми не даваат впечаток дека вашиотодмор ќе го поминете добро во еден прекрасен град како што е Охрид. Од она што сум имал прилика да го видам низ светот секако дека на уреденоста на граничните премини и влезовите во градовите им се посветува посебно внимание.

Ова што го пишувам не е да нападнам некоја локална самоуправа бидејќи овај проблем не е од  денес напротив да дадам поттик  да се седне и да се дадат предлози и законски решенија како да го направиме Охрид поубав град. Она што јас го размислувам  дека  треба да се направи е локалната самоуправа за почеток да го уреди овај простор онака како што треба и после со соодветна одлука на советот на Општина Охрид сопствениците и корисници на овај простор да ги задолжи на минимално уредување. На  влезот од Подмоље она што минимално може да се направи е редовно косење натревата во ширина од 2-3 метри и секако  искоренување на мноштвото диви капини кој не даваат впечаток на култивирана средина и засадување на тревна површина која редовно ќе се одржува.

Другиот влез од страна на Битола поточно од Лескоец секако дека има потреба од засадување на тревни површини, меѓутоа на овај дел има многу стопански капацитети кои имаат ранообразни огради. Интервенцијата би се состоела од поставување на еднообразни огради (секако не скапи како онаа на Коце од 1,5 мил евра во скопје) и поставување на сезонски цвеќиња на истите кој  секако дека ќе дадат многу поубава слика за Охрид.

На потегот кон Свети Наум секако дека има простор за подобрување на зелениот појас на патот Охрид – Св. Стефан и по некоја фонтана. Ова се само мал дел на идеи и предлози кој можат да се направат и кој ми дозволува просторот на оваа колумна да ги изнесам.

Можеби на многумина ваквите предлози ке му се чинат неважни, но бидете сигурни дека повеќе мои пријатели од Македонија и надвор од неа ми сугерираат повеќе време.

Има една македонска поговорка – Да си го исчистиме прво дворот дома после да гледаме кај комшијата.

Ванчо Костоски
Претседател на ВМРО-НП – Охрид

0462opstoweb

** „046 – За Охрид се зборува“ е проект на Супер радио и OhridPress и истиот има за цел да се сврти вниманието на охридската јавност кон одредени теми. Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата – Супер радио и OhridPress да бидат вистински глас на заедницата и да објават различни мислења, но и начини за подобрување на одредени состојби. Напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат колумнистите. Супер радио и OhridPress се оградуваат од евентуален навредлив речник и конотации, и ги сметаат за непримерни во јавната комуникација.

Во вториот дел од „046 – За Охрид се зборува“, кој ќе трае од октомври до декември 2014. година, ќе пишуваат и дебатираат Владо Чингоски, Ванчо Костоски и Никола Митровиќ – Бабе.

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука