За Студенчишкото блато ќе се расправа и во Скопје
Скопје/Охрид, 17. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Скопје ќе се одржи јавна дебата, на која ќе бидат отворени теми за актуелни проблеми со закани по животната средина, Студенчишкото Блато во Охрид и изградба на населби во Лазерополе на територија од националниот парк Маврово.
Јавната дебата ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерот Нурхан Изаири ќе има обраќање на тема: „Предизвици и активности за заштита на животната средина во Република Македонија“.
Поканети се граѓани и еколошки организации, кои можат да дадат свои видувања, сугестии и идеи со цел заедничка-чиста и здрава животна средина.
Дебатата ќе се одржи утре во Конференциската сала на Секретаријатот за европски прашања во Скопје, со почеток во 13:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |