април 21, 2017

Охрид/Скопје, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Две иницијативи се доставени до Уставниот суд, со кои се бара од Судот да се произнесе околу мандатот на градоначалниците и советниците, во случај да не бидат навреме оддржани локалните избори.

Првата е иницијатива на Светскиот македонски конгрес од 5 април, а втората од работна група составена од претставници на министерството за локална самоуправа и за правда, ЗЕЛС и Секретаријатот за законодавство, која стасала по Велигденските празници.

Од Уставниот суд, сеуште не прецизираат дали поднесоците ќе добијат итен карактер, заради законските рокови. Но не се исклучува можноста, иницијативите да бидат споени, доколку се однесуваат на исти оспорени членови.

Светскиот македонски конгрес ги оспорува членот 35 став 1 од Законот за локална самоуправа, како и членот 16, став 1 од Изборниот законик. Поновата иницијатива, пак, се однесува на две одредби од Законот за локална самоуправа, кои се однесуваат на времетраењето на мандатот.

Со продолжувањето на мандатот, сметаат поднесувачите, би се избегнала блокада на локалната власт, до која дојде заради пробивањето на рокот за распишување на избори од страна на Собранието за мај годинава. (Крај)

извор: Дневник фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука