ЛШ: РК Вардар гостува кај Фленсбург
Фленсбург, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – По втор пат во последните четири години Вардар против Фленсбург ќе се бори за место на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн.Во првиот натпревар „црвено-црните“ денеска ќе играат во гости, а реваншот е на 27 април во Скопје.
„Црвено-црните“ ја играат најдобрата сезона во ЛШ и како првопласирани во групната фаза прв пат обезбедија директен пласман во четвртфиналето што им носи голема самодоверба и желба сезоната да се круниса со настап на Ф4.
Натпреварот Фленсбург-Вардар започнува во 17.30 часот,а во истиот термин ќе започне и дуелот помеѓу Веспрем-Монпеље. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |