април 28, 2017

Скопје, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС)– Претепани пратеници, стотина повредени демонстранти, 20-тина припадници на полициските сили и десетина повредени новинари е епилогот на вчерашните инциденти во Собранието на Република Македнонија.

Припадниците на „За заедничка Македонија“ насилно влегоа внатре откако Талат Џафери беше изгласан за претседател на Собранието. Полицијата речиси никако не реагираше, па тие во прес-центарот ги нападнаа пратениците и новинарите при што беше повреден лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратениците Максим Димитривески и Дамјан Манчевски, а со најтешки повреди се здоби пратеникот Зијадин Села.

Претседателот Ѓорге Иванов синоќа апелираше на смиреност и ги повика лидерите на партиите денес на лидерска средба. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рано утрово на прес-конференција го осуди насилството и побара брза истрага за затворање на. Според него, некој намерно ги исценирал вчерашните настани со цел прстот да се впери во ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Нова Македонија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука