април 28, 2017

Скопје, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир.

– Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба, се вели во официјалното соопштение од министеството.

Како што додаваат од полицијата, синоќа до 23.30 часот во Градската општа болница „8-ми септември“, Градска болница „Св Климент Охридски“ и Клинички Центар, лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници. Дополнително во Касарната „Ѓорче Петров“ лекарска помош им била укажана на уште седум лица.

Утрово во Собранието на Р. Македонија нема граѓани. (Крај)

извор: МВР фото: Призма

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука