април 29, 2017

Скопје, 29. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 29 април 1992 год. во Скопје беше создадена Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Република Македонија.

Организацијата беше оформена како граѓанска реакција, на почетокот на војната во Босна и Херцеговина со цел да им се помогне на децата бегалци.

– Ги повикуваме сите граѓани да внимаваат на себе, особено на децата, на луѓето околу себе и да не дозволат провокации по ниту еден основ, особено не етнички и се што може да влијае на нарушување на мирот во Република Македонија. Нашите пораки со овој филм до сите граѓани/ки, се: да ги постават интересите на децата пред сѐ, да сторат сѐ за да се спречи насилството во и надвор од институциите, оти: децата гледаат, децата прават! Да им дадат шанса на мирот, на демократијата, со тоа им даваат шанса на децата, на младоста! Што и да се случи, да знаат дека носат одговорност! Да покажат разумност и ненасилство во секоја постапка! Да знаат дека на децата им треба мир, љубов, благосостојба, а не војна, омраза, сиромаштија, информираат од Меѓаши.

Во документарниот филм „25 години Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ” се прикажани состојбите и последиците кои војните ги оставаат врз децата, почнувајќи од војната во БиХ 1992 година, Косово 1999, Македонија 2001 и Сирија 2017. Филмот не се препорачува за деца под 12 години и за негово следење е неопходен надзор од родител или старател. Филмот завршува со потресни сцени на деца жртви од војната во Сирија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука