Спорт

Вимблдон го зголеми наградниот фонд

Лондон, 5.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Организаторите на третиот Грен слем турнир сезонава Вимблдон најавија зголемување на наградниот фонд за учесниците за 12,5%.

Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,2 милиони фунти.Вкупниот фонд за оваа година изнесува 31,6 милиони фунти, што е за три милиони поголем од минатогодишниот.

Најголема добивка од сето ова ќе имаат тенисерите кои ќе го завршат натпреварувањето во раната фаза, односно за испаѓање во првото коло ќе добијат по 35.000 фунти.

Неофицијалното светското првенство во тенис ,односно Вимблдон ќе се одигра од 3-ти до 16-ти јули. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука