Спорт

ЛШ: Атлетико Мадрид и Монако четвртфиналисти

Мадрид, 18. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Монако и Атлетико Мадрид обезбедија пласман во четвртфиналето во ЛШ откако синоќа ги елиминираа Арсенал односно Леверкузен.

Монако иако во реваншот на „Луј Втори“ беше поразен со 0-2  меѓу осумте најдобри се пласира благодарение на победатаа од 3-1 на првиот меч во Лондон. Фудбалерите на Атлетико Мадрид дури по изведувањето на пенали  го елиминира Баер Леверкузен. Атлетико на пенали победи со 4-2, откако во регуларниот дел и по 120 минути игра резултатот беше 1-0.

Atletiko madrid

Покрај Атлетико и Монако пласман во четвртфиналето обезбедија Реал Мадрид, Порто, ПСЖ, и Баерн Минхен. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави