046 - За Охрид се зборува

Климоска – Одговор на своето прашање?

Доколку се надоврзам на првиот текст со наслов Охрид бил Прв?!, незнам што би кажала и како би си дала одговор на прашањето кое и самата го поставив до сите вас.

Прашање: Дали Ние достојно и доследно го продолживме и продолжуваме аманетот и богатството што нашите предци ни го оставија?!

Имено Охрид, денес, Да, изобилува со понуда на основни, средни, високообразовни установи, дури и со возобновување на исконските Универзитети и институции… но драги мои, нели не е се во зградите, не е се во проектите, не е се во идејата,….сето ова мора да се реализира, да се видат конкретните резултати, се е до Луѓето кои се вклучуваат и им се дава доверба да го реализираат она што им се поставило како задача !.. е тука сме Тенки!

Секако на повеќето им е познато дека во секоја моја колумна или текст упатувам на тоа колку е важно да имаме добар финален производ, дека и колку да е добра или лоша Владата која е во тој/овој момент, кога е дадена шанса на еден Град, Ние граѓаните сме одговорни како сето тоа ќе го сработиме. А на Охрид е дадена Голема Шанса!

Низ мое искуство утврдив дека на Охрид му се доделуваат фантастични можности, прекрасни соработки, како со европски така и со високообразовни установи – универзитети, научници, професори и слично од другите континенти, посебно Америка, но, сето тоа во исто време, ние така фантастично лесно го прегазуваме….. за жал.

Во изминативе години на мое Големо задоволство и Чест, запознав прекрасни високообразовани надалеко познати и признати охриѓани, кои на светско ниво се барани и високо котираат на рангот на научно наставните кадри, но во исто време заборавени и непознати за Охрид….

Ме тера на размислување, континуирано, дали е точна мислата што ја кажале старите, колку што сами можеме да си одмогнеме никој не може да ни помогне?.. или беше обратно.. како и да било…

Дали не мислите дека е време да се подигнат вредностите, критичноста, запазување и поставување на пиедестал на позитивните примери и позитивните луѓе, реализираните просветни научни и наставни кадри, но и административни кадри, оние кои најмногу се во можност реално и долгосежно да ни помогнат Нам, на Охрид и охриѓани?!

Дали не сметате дека проектите кои се вложуваат во Охрид, за да се кренат и возвишат во права смисла, и со вистински кредибилитет и авторитет, а кои се во делот на образованието посебно во високото образование, Мора да добијат поддршка и од Нас Охриѓани, и тоа преку правите луѓе на правите места!

Мора да знаеме дека белото е бело и црното е црно и никако не може да биде поинаку…Да не дозволиме заради лични интереси и малограѓански комплекси да го ставиме под прашање развојот и иднината на Охрид!

Климоска Катерина

zaednicka046 3

** „046 – За Охрид се зборува“ е проект на Супер радио и OhridPress и истиот има за цел да се сврти вниманието на охридската јавност кон одредени теми. Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата – Супер радио и OhridPress да бидат вистински глас на заедницата и да објават различни мислења, но и начини за подобрување на одредени состојби. Напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат колумнистите. Супер радио и OhridPress се оградуваат од евентуален навредлив речник и конотации, и ги сметаат за непримерни во јавната комуникација.

Во третиот дел од „046 – За Охрид се зборува“, кој ќе трае од декември 2014. година до јануари 2015. година, ќе пишуваат и дебатираат Жаклина Лазаревска, Тони Симоновски и Катерина Климовска.

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави