мај 28, 2017

Скопје, 28. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е предложен за министер без ресор во новата влада од редовите на ДУИ.

Покрај Мерко, во новата влада влегуваат и Хазби Лика како вицепремиер задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции, Билен Салиу во ресорот правда, Садула Дураку за министер за екологија и Куштрим Бектеши за местото министер за економија.

За извесно се смета и учеството на Алијансата за Албанците во владата предводена од СДСМ иако од партијата се` уште немаат донесено конечна одлука. Во јавноста најмногу се шпекулира дека кај нив ќе биде министерството за здравство кое би го раководел Арбен Таравари.

До овој момент не се знае дали Беса ќе учествува во новата влада. Од партијата тврдат дека нема да отстапат од петте принципи-во власта да нема луѓе за кои Специјалното јавно обвинителство има подигнато обвиненија, рокови до кои би се отвориле некои теми или, пак, би се донесле некои закони, како на пример за јазиците, балансирано владеење и отворање на темата за редефинирање на државата.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека нова влада ќе биде избрана следната недела. (КраЈ)

извор: РСЕ фото: МИА

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука