Економија Избор

Тест возење на новите Citroën C3 и новиот C-Elysee во Охрид

Охрид, 5. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Inside Auto, охридскиот застапник за возилата од гамата на светски познатиот производите на возила Citroën, во петок и сабота, на 9-ти и 10-ти јуни организира тест возење на дел од возилата во Охрид.

– Дојдете и направете тест возење со вашето идно ново возило. Дознајте ги нивните карактеристики, цена и начини на плаќање. Ќе имате можност да го возите новиот Citroën C3, C-Elysee, но и Cactus и C4 Picasso. Ќе има и многу забава и изненадувања за нашите ценети купувачи, порачуваат од Inside Auto.

Тест возењето ќе се одржи на Градскиот кеј, во петок и сабота, на 9-ти и 10-ти јуни, на платото пред шанкот „Жиголо“ во Охрид.

Inside Auto е охридскиот дилер на возилата на Citroën. Неодамна организираа интересна акција за потенцијалните купувачи на Citroën наречена „Овој човек има стил, вози Citroën“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави