јуни 1, 2017

Скопје, 1 јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија  со 64 гласа за, ниту еден против или воздржан, го укина екстерното тестирање, кое требаше да почне во понеделник.

Ваквата вест уште кога беше најавена, наиде на задоволство кај учениците, но и кај професорите. Тие до овој момент беа во исчекување дали да се подготвуват или не за тестовите. Сега откако оваа најава стана конечна, учениците можеат слободно да го дочекаат крајот на учебната година.

На денешната седница беа донесени и измените на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка. Ваквите измени доведоа до можноста екстерното тестирање кое беше воведено во 2013 година да биде укинато. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука