Избор Култура Струга

„Струшки вечери на поезијата“ ќе го обелодени името на лауреатот на „Златен венец“ за 2015

Скопје/Струга, 20. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Управниот одбор и дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, денес ќе одржат свечена седница.

Во просториите на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), во Скопје, ќе се соопшти името на лауреатот на наградата „Златен венец“ за 2015 година.

На седницата ќе бидат соопштени и деталите околу одржувањето на годинешната поетска манифестација во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука