јуни 6, 2017

Скопје, 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да ги одликува членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“, а на РК  „Вардар“ ќе му биде доделено високо признание „Повелба на Република Македонија“.

Свечената церемонија на врачување на одликувањата ќе се одржи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“, по завршувањето на организираниот пречек на ракометарите на Вардар на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Одликувањата за ракометарите и признанието за ракометниот клуб Вардар од претседателот Иванов се доделува по триумфот на РК „Вардар“ во Лигата на шампионите. Република Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа што претставува континентален првак.

Ракометниот клуб „Вардар“ е европски првак во Лигата на шампиони, откако во финалето што се одигра во Келн ја совлада екипата на ПСЖ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука