јуни 7, 2017

Скопје, 7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ценовните движења на суровата нафта најавуваат намалување на нејзината малопродажна цена во Македонија идниот понеделник.

Во текот на вчерашниот ден, барел сурова нафта на берзата во Лондон се тргуваше за 49,9 долари, што е раст на цената од 0,1% во однос на претходниот ден.
Но, оваа цена се уште е под нивото на цената врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени во земјава на 29 мај.

Тогаш, Регулаторна пресмета средна цена од 52,3 долари за еден барел што е за скоро 2,5 долари по барел повеќе во однос на актуелната цена. Доколку утре и задутре нема големи ценовни шокови , за очекување е во понеделник регулаторот да ги спушти цените за околу 1 денар по литар.

Минатата недела бензините поскапеа за 1 денар по литар. Моменталната цена на Еуросупер БС -95 е 64 денари, а Еуросупер БС -98 се точи за 66 денари.
Дизелот поскапи за 1,5 денари по литар и во моментов неговата цена на бензиниските пумпи низ Македонија не смее да надмине 50,5 денари.

извор: Press24   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука