јуни 12, 2017

Скопје, 12. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Народната банка почнува со печатење на првите пластични пари во Македонија. Банкнотите во апоени од 10 и 50 денари ќе бидат пластични.

Ако се оди според планираното, новите пластични пари до крајот на годнава  ќе бидат пуштени во оптек. Тестовите покажале дека ваквите пари се деформираат на  120 степени целзиусови. Тоа значи дека тие нема да  бидат оштетени ако се се стават во машина за перење, почисти се и потешки за фалсификување.

НБРМ веќе го објави огласот  за доделување на договорот за јавна набавка на книжни пари изработени од полимер. Вкупната вредност на договорот е  2 милиони евра. Критериум за добивање  е најниската цена.

Претходно пак  книжните 10 и 50 денари , НБРМ одлучи да ги замени со ковани пари поради што од 2013 година  повеќе  не се печатеа  книжни  банкноти од овие апоени.

– Ваквата замена беше  единствена. Тие беа најупотребувани во платниот промет поради што најбрзо  се уништуваа. За да се намалат трошоците за нивното често печатење, се заменија со ковани. Замената според  анализите се  покажа како исплатлива  зошто кованите пари имаат подолг рок на траење, од книжните. Но  на пазарот ситуацијата беше поинаква. Кованите пари исчезнуваа, не се враќаа во оптек  зошто граѓаните немаат однос кон нив како кон книжните банкноти и често ги губат, велат од НБРМ.

Вакви пари има во повеќе земји. Во 2016 година пластична банкнота од 5 фунти воведе Велика Британија, во Канада се користат цели две децении.

извор: НБРМ   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука