Скопје, 17 јуни, 2017 (ОХРИДПРЕС) – од 28- ми јуни до 1-ви јули во Варшава ќе се одржи првиот македонско-полски бизнис-форум на жени претприемачи.
Целта на форумот е да се создадат поблиски контакти за отворање можности за економска соработка, промоција на македонскиот извоз во Полска и за привлекување потенцијални странски инвестиции од Полска.
Исто така, ќе се согледуваат полските искуства од користењето на структурните фондови на ЕУ и можностите за заедничко настапување на компаниите од Македонија и од Полска на двата пазари, како и во трети земји, а сето тоа со фокус на жените претприемачи.
Бизнис-форумот ќе се одржи во просториите во МНР на Полска, а ќе учествуваат жени претприемачки, менаџерки, раководтелки и лидерки од Македонија и од Полска. (Крај)
извор: МЕТА фото: МЕТА
Прочитано: 21