Избор Спорт

По Дубровник, успешен настап на ФК „Фер Плеј“ и во Будва

Охрид/Будва, 21. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските фудбалски надежи од клубот „Фер Плеј“ беа единствените македонски претставници на Меѓународниот турнир на пријателството кој од 16-ти до 19-ти јуни се одржа на терените на плажата Јаз во Будва.

На турнирот учествуваа екипи од домаќинот, Црна Гора и од Хрватска.

Од клубот учествуваа фудбалери од генерациите 2002 година, кои се пласираа на третото место и 2004 година, кои го освоија првото место. Мартин Ѓоргиевски ја освои наградата за најдобар стрелец, со постигнати четири голови.

Покрај одиграните натпревари младите фудбалери слободното време го искористија за прошетки и посета на познатите плажи на Јадранското крајбрежје.

Еден од тренерите во клубот Игор Настоски не информира дека тука не застануваат во активностите. Вечерва тие тргнуваат за Краљево, Република Србија, каде деновиве ќе учествуваат на силен Меѓународен турнир „Кикер Куп“.  (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: Фер Плеј

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави