Избор Спорт

Екипата на „The Strongest“ со најмногу златни медали на Ohrid OPEN 2017

Охрид, 25. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на спортисти од Република Македонија, Албанија и Црна Гора, вчера во спортската сала „Билјанини извори“ се одржа првиот Brazilian Jiu Jitsu турнир Ohrid OPEN 2017, организиран од „Roots“ Охрид.

ohridopen5– Прво место на клубско ниво освоија „The Strongest“ од Скопје, второто го освоија домаќините од „Roots“ Охрид, а третото „Carlos Maia Bjj“ од Скопје. Судии беа браќата Јокмановиќ од Црна Гора, носители на црни појаси и светски лиценци за суденје Bjj, како и домашните судии Трајчевски Благоја и Пецевски Стефан. Најатрактивни борби имаа високите виолетови појаси, каде во апсолутна категорија Пецевски освои злато. На Ohrid OPEN 2017 се натпреваруваа спортисти во категории од деца до воздрасни високи појаси и категории, информираат организаторите.

ohridopen2ohridopen4Екипата „The Strongest“ освои 6 златни медали, 7 сребрени и 8 бронзени. Домаќините „Roots“ од Охрид се закитија со 3 злата, 8 сребрени и 9 бронзени одличја, а екипата на „Carlos Maia Bjj“ од Скопје освои 4 злата,  2 сребрени и 5 бронзени медали.

ohridopen3– Се надеваме дека овај натпревар ќе прерасне во традиција за ваков вид натпреварување во овај период од годината, велат од „Roots“.

ohridopen1Бразилската џиу џица произлегува од џудото. Како вештина е доста застапена во такаречено сега поново време, млада вештина која сеуште се развива и е во експанзија. Најчесто се работи спортската бразилска џиу џица, тоа значи дека ударите се исклучени. Се работи најчесто на фрлања, борба за позиција и партерна борба, целата контрола на тело, на екстремитети се`до завршување со некаква полуга или зафат. Борбата некогаш е временски ограничена, некогаш е на поени, но тоа зависи од конкретниот натпревар и категоријата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави