Македонија

Од 1-ви јули нова цена на струјата

Скопје, 29. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдоцна утре ќе биде познато каква цена на струјата ќе плаќаме од 1 јули.

Регулаторната комисија за енергетика има рок до крајот на овој месец да ја соопшти новата цена, која ќе важи од 1-ви јули 2017 до 1-ви јули 2018 година.

Од Регулаторната комисија за енергетика официјално не обелоденуваат колку ќе чини киловат-час електрична енергија за домаќинствата.Неофицијално  се говори за намалување на цената за 0,25 отсто.

Минатата година струјата поевтини за 0,25 отсто, додека претходно за 0,33 отсто. (Крај)

извор: Макфакс   фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави