Охрид, 29. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – По десет години од последниот настап во Република Македонија, еден од најистакнатите глобтротери на хаус музиката, Dj Danny Howells на 4-ти август доаѓа на познатата охридска плажа „Оревче“.
Станува збор за исклучително квалитетен DJ со 30-годишно искуство, чии звуци се редовно на репертоарот на најдобрите светски клубови.
– Тој подготвува специјален, незаборавен четиричасовен сет на брегот на Охридското Езеро. Сите приходи од настапот на Danny Howells одат во поддршка на Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ), информираат организаторите кои додаваат дека дополнителни донации, сите заинтересирани можат да дадат на следната жиро-сметка:
ААПЖ Скопје
210 066786960188
Тутунска банка
извор: ОхридПрес фото: архива