Забава Избор

16-то издание на фестивалот „Канео фест“

Охрид, 30. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на телевизија Морис, фестивалот „Канео фест“ годинава ќе го одбележи своето 16-то издание.

– За прв пат оваа година, фестивалот ќе се одржи на нова локација, во центарот на градот, односно на градското пристаниште, непосредно до споменикот „Фаќач на крст“, што значи дека ќе биде отворен за сите посетители. Фестивалот е од натпреварувачки карактер. Ќе бидат изведени над 30 новокомпонирани македонски забавни и народни мелодии, од кои стручното жири ќе ги одбере најдобрите, а својот глас ќе може да го даде и присутната публика по пат на бодување, информираат организаторите.

Фестивалот ќе се одржи во недела, на 2-ри јули со почеток во 21:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука