Охрид, 4. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат летните забави во дискотеката „Парк“.
За претстојниот викенд најавена е богата агенда. Во петок, 7-ми јули за добрата забава ќе се погрижи Жаре Бербер и неговиот бенд 18+.
Во сабота и недела вљубениците во Hip Hop, R&B и Pop музика ќе уживаат во настапите на Krisko Beats и Dj Chiko.
Почетокот на забавите е најавен на минута пред полноќ, во 23:59 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19