јули 4, 2017

Скопје/Подгорица, 4. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, на 2 август во Подгорица ќе учествува на средбата на високи претставници на земјите членки и на земјите набљудувачи на Јадранската повелба, чиј претседавач оваа година е Република Македонија.

Како што соопшти владината прес служба, Република Македонија заедно со Црна Гора е и кодомаќин на овој значаен настан.

Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина е членка на Јадранската повелба (Адриатик Чартер), а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата.

Групата Јадранска повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има за цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО. (Крај)

извор: МИА   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука