Охрид, 7. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – По спроведените подготовки и комплетно уредување на локацијата по светски терк, вечерва стартува со работа атрактивната плажа Ambrosia.
Истата се наоѓа на пешачката патека, во непосредна близина на Охрид и претендира да биде новата хит локација за ова лето.
За свеченото отворање вечерва, организаторите и менаџерите на објектот ветуваат проверена забава со Dj Shorty P aka Pancho и Dj Zoki Bejbe. Веќе утре, 8-ми јули за забавата ќе се погрижат Dj Goce SAF и Dj Oky Doky.
– Подгответе се за супер атрактивно лето со плажа Ambrosia. Ќе има многу настани и проверена забава на задоволство на нашите гости. Повелете и бидете наш редовен гостин, порачуваат од плажата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22