Избор Хроника

Физички нападнат портир во Специјалната болница „Свети Еразмо“

Охрид, 15. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишниот Б.З. од Охрид.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 30-ти мај оваа година во 14:45 часот, во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, кога на висок тон упатил вербални навреди кон С.А. вработен портир во болницата, кој во моментот бил на своето работно место и ги извршувал работните задачи. Во еден момент од вербалните напади, сега пријавениот Б.З. физички го нападнал портирот, со двете раце го фатил за вратот и силно го притискал, а потоа му задал повеќе удари со тупаници во пределот на градниот кош нанесувајки му повеќе телесни повреди. По извршениот физички напад, Б.З. веднаш заминал од местото на настанот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука