Избор Охрид навечер

Британците Freemasons на 27-ми јули на Park Golden Beach

Охрид, 21. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно од најголемите имиња на британската и светската сцена, дуото Freemasons, во четврток, на 27-ми јули ќе настапат на Park Golden Beach во Охрид.

– Не ја пропуштајте една од најдобрите забави ова лето. Стартот е закажан за 22:00 часот, а билетите можат да се купат по предпродажна цена од 200 денари на штанд кој ќе биде позициониран на потегот од ТЦ „Амам“ до „Летница“, на плажата Park Golden Beach и во Lounge bar Mr. I во Охрид. Количините на билетите кои ќе бидат пуштени во предпродажба се ограничени, информираат организаторите.

Freemasons се дуо кое стана популарно со ремикси на познатите музички имиња како Beyonce и Faith Evans, и кои во 2005 го преработија број 1 Billboard хитот од 1979 година „This Time Baby“ на Jackie Moore, како и хитот на мега популарната Tina Turner „When The Heartache Is Over“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука