август 1, 2017

Скопје/Подгорица, 1. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот премиер Зоран Заев ќе биде кодомаќин на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што утре ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора.

На Самитот со кој ќе претседава Заев, ќе учествува и потпретседалот на Соединетите американски држави, Мајкл Ричард Пенс.

Во составот на македонската делегација ќе бидат министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, министерот за надворешни рабти Никола Димитров, пратеникот Стево Пендаровски.

Свечениот дел од Самитот на земјите членки на Јадранската повелба ќе отпочне со изјави на премиерите на Македонија и Црна Гора,Заев и Марковиќ и со обраќање на американскиот потпретседател Пенс. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука