Охрид, 2. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пред бројна публика, со настапот на Суперстар Dj Afrojack, синоќа на стадионот „Билјанини извори“ започна второто издание на фестивалот Ohrid Calling 2017.
Публиката уживаше во сетот на светски познатиот холандски диџеј Nick van de Wall или популарниот Afrojack, кој испорача силна енергија од големата сцена, на задоволство на сите посетители.
Вечерва сцената ќе биде отстапена на уште едно светски познато име на клупската сцена, Dj Hardwell, а како локална поддршка ќе бидат Cyrillic и Galoski.
Во петок пак, на „Билјанини извори“, ќе настапи легендарната балканска музичка атракција Бијело Дугме. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23