Економија Избор

Нов петок, ново издание на „Супер Винчини лето“ со „Тамаро“ и Супер радио на плажата Ambrosia

Охрид, 4. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Летото е во полн ек, а со него и забавите кои Тамаро, Супер радио и партнерите ги организираат во најголемиот туристички центар во државава, преубавиот Охрид.

И денес имавме исклучително топол летен ден, позитивна атмосфера и одлична дружба во неповторливиот амбиент на плажата Ambrosia. Нови две екипи се натпреваруваа во пет игри од кои три во вода и две на плажата.

vinciniigri2 vinciniigri3– Како и минатиот пат имавме одлична дружба со моите нови пријатели од двете екипи. Игрите беа прифатени добро, но некако последната како да им остави најголем впечаток на учесниците, а тоа беше јадењето „Винчини“ тортици за една минута, односно колку тортици може да изедат натпреварувачите во период од 60 секунди, вели водителот Даниел од Супер радио.

Плажата Ambrosia на 28-ми јули и 4-ти, 11-ти и 18-ти август ќе биде вистинското место за сите кои сакаат проверена забава, летни игри на плажа и во вода, но и многу вредни награди, изненадувања и многу вкусни „Винчини“ производи. Планирано е да се одржат интересни игри во вода и на плажата, ќе имаме и Дџ и водители, со вклучување во живо на Супер радио и уште многу изненадувања. Екипите треба да имаат по 4 или 5 члена на возраст од најмалку 10 години. Пријавување на e-mail адресата: superradio@superradio.com.mk или на телефонот: 075 45 32 95 преку целиот ден.

vinciniigri4 vinciniigri5Подгответе се за уште едно „Винчини супер лето“ со „Винчини“, „Тамаро“ и Супер радио. Снимката од првото издание на игрите се емитуваше во средата на регионалната О2 телевизија, а следната среда е комплетната снимка од денешниот настан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави