Избор Партии

Општина Охрид: Отворете го отчетот и таму ќе прочитате што се` е направено за охриѓани

Охрид, 31. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува серијалот на паушални соопштенија организирани од СДСМ Охрид, на кои освен невистини и лажни обвинувања не може да се прочита ништо друго. Впрочем не реализирањето на ветувањата дадени пред граѓаните, урбанистичко пустошење и енормното задолжување на охриѓани се одлика на СДСМ Охрид, реагираат од Општина Охрид на изнесеното во денешниот допис до медиумите од ОО на СДСМ.

– Разликата помеѓу времето кога Вие владеевте со Охрид и сега е огромна и видлива. Охриѓани знаат многу добро кој и што направи за Охрид. Подобро би било да го отворите отчетот на градоначалникот и таму да прочитате што се` е направено за охриѓани. Доколку тоа го направевте ќе видевте дека во Лескоец се реализираа голем број проекти и се решија голем број на проблемите што ги имаа жителите на Лескоец. Жителите на Лескоец знаат дека оваа Локална самоуправа изврши реконструкција и  изведба на нова водоводна линија во Лескоец и тоа се реализираа две фази од проектот, а во тек се подготовките за реализација на третата фаза по што трајно ќе се реши проблемот со водоводот. Првата фаза е во должина од 500 метри и вредност од 1.800.000 денари, а втората од 500 метри и вредност од 2.100.000 денари. Исто така знаат дека се изгради и фекална канализација низ целата територија на селото Лескоец. И тоа не е се што реализиравме во Лескоец, тука е и отворањето на детска градинка, реконструкција на една од најфрекфентните улици во Лескоец „Илија Смически“ во вредност од 6.498.485 денари, се асфалтираа три краци од улицата „Илинденска“ во вредност од 1.970.516 денари, се реконструира училиштето, започнавме со изградба на фудбалскиот терен и уште многу други помали проекти, реагираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука