Спорт

Познати четири осминафинални двојки на ЕП во кошарка

Истанбул, 7.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По одигрувањето на последното коло во А и Б групата познати се првите четири осминафинални двојки на Европското првенство во кошарка.

Словенија во последното коло беше убедлива против Франција совладувајќи ја со 95:78 и е единствената селекција во моментов која влегува во вториот круг со максимален учинок. Финска потешко од очекувањата славеше над Исланд со 83:79 и го освои второто место во А конкуренцијата додека Грција по победата од 95:77 во дуелот против Полска обезбеди место меѓу 16-те најдобри на континенталното првенство.

Во директниот дуел за првата позиција во Б групата Литванија ја совлада Германија со 89:72, Италија забележа победа во дуелот против Грузија со 71:69 додека Украина со триумфот од 88:64 во мечот против Израел обезбеди пласман во осминафиналето.

Според пласманот во А и Б групите во осминафиналето се среќаваат: Словенија – Украина, Финска-Италија, Франција-Германија и Литванија-Грција. (Крај)

извор: АлфаТв фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави