Спорт

Федерер елиминиран во Њујорк, Делпо избори полу-финале против Надал

Њујорк, 7.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хуан Мартин дел Потро продолжува со брилијантните изданија на Отвореното првенство на САД. Аргетнинецот преку Роџер Федерер избори пласман во полу-финалето.

Делпо по 170 минути игра успеа да слави против Швајцарецот со 3:1 (7:5, 3:6, 7:6, 6:4).Дел Потро во полу-финалето за противник ќе го има Рафаел Надал. Шпанецот за само 99 минути игра со 6:1, 6:2, 6:2 го победи руската тинејџерска сензација Андреј Рубљов.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Кевин Андерсон-Карено Буста Агут. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука