Избор Охрид

Поголем број локации во Охрид годинава дел од настанот „Часот на планетата Земја“

Охрид, 25. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На официјалната прес-конференција на најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“ ќе бидат откриени атрактивните локации кои оваа година ќе потонат во мрак во градот Охрид, но и низ целата Република.

Прес-конференцијата ќе се одржи утре во Скопје, а ќе се објаснат деталите за акцијата која ќе има поддршка низ цела Македонија.

На прес-конференцијата ќе се обратат Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија, Теодора Грнчаровска, национален координатор за климатски промени при Министерството за животна средина и просторно планирање и Владимир Вукелиќ, претставник на Црвениот крст на Република Македонија.

Охрид минатата година за прв пат се вклучи во оваа акција, кога на градскиот плоштад симболично беа изгаснати сите светилки од 20:45 часот. Годинава акцијата во Охрид ќе биде поддржана на повеќе локации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука