Спорт

ETCC: Иџе победник на втората трка во Белгија

Золдер, 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Маестралниот „летечки македонец“, Игор Стефановски – Иџе победи на втората трка во Золдер, на белгиското гран-при и се приклучи во битката за титулата.

По одличните квалификации, во првата трка од Белгиското ГП, иако стартуваше како втор, Стефановски поради проблеми со возилото не успеа и првата трка ја заврши на осмото место, цел круг зад победникот Кристјоханес Шрајбер од Хонда.

Иџе беше на добар пат да го освои второто место, во голем дел од трката вршеше притисок врз лидерот Шрајбер, но пред самиот финиш поради технички проблеми, неговото возило не издржа под налетот на Петер Рикли, Норберт Наѓ и останатите кои без проблеми го минаа. Прва трка не ја заврши лидерот во генералниот пласман Петр Фулин, кој исто така имаше сериозни проблеми со возилото.

Сепак разочарувањето од првата трка брзо беше заборавено, а проблемите со возилото брзо отстанети. Според правилата на ЕТЦЦ, последниот од првата трка стартува како прв во втората, така што пред Иџе се отвори непречен пат од никого за напад на победата. Иџе одлично ја искористи шансата, возејќи маестрално без ниту една грешка, сочувувајќи го водството од почеток до крај пред Швајцарецот Петер Рикли и Чехот Петр Фулин.

На само една трка до крајот, во генералниот пласман Иџе има осум бода заостанување зад лидерот Фулин со 63 поени. Иџе е четврти со 55 поени веднаш зад Наѓ и Шрајбер со по 56.

Последните две трки, кои ќе го решат шампионот во ЕТЦЦ се возат во Мост, Чешка, на 8 октомври. (Крај)

извор: Додајгас.мк фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука